Промената на Уставот ќе заврши до 15 јануари!?

Талат Џафери за 9 јануари свика седница на која ќе се раправа по амандманите за уставни измени согласно договорот од Преспа и очекува прашањето да биде затворено до 15 јануари.

„Очекувањата се до 15 јануари да биде завршена целата постапка и да бидат усвоени амандманите“ – информираше денаска спикерот на парламентот.

„Ако се раководите од искуството, дебатата не би требало да трае повеќе од 5-6 дена. Но неприсуството на опозицијата остава можност и таа да заврши побрзо“, рече Џафери на средба со новинари.