Идентификациска картичка на име Владимир Путин со важност во периодот 1985-1989, била откриена во архивата на источно-германската тајна полиција „Штази.

Со неа тогашниот агент на КГБ, Путин можел да поминува низ контролните пунктови на тајната полиција на ГДР, соопшти шефот на архивите на Штази во Дрезден, Конрад Фелбер, пишува „Гардијан“ повикувајќи се нагермански “Bild“.

Путин бил агент на КГБ во Источна Германија во текот на осумдесеттите години, а подоцна, во доцните 1990-ти, служел како шеф на руската тајна сслужба ФСБ која е наследник на КГБ.

Во 2000 година Влаимир Путин стана руски претседател.

Документот за идентификација на Путин, кој со години незабележано лежел во архивата „не значи автоматски дека Путин работел за Штази“, вели Фелбер.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, рече дека е можно рускиот претседател да ималтаков документ бидејќи во тој период „КГБ и Штази биле партнери, поради што не е можно да се исклучи можноста од овој вид на размена на акредитации“.

SHARE