Пропаѓа комплексот „Македонско село“ на Водно

Празно и жално зјае комплексот „Македонско село“ на скопско Водно, поточно спроти манастирот „Св. Пантелејмон“, кој беше отворен пред три години, а беше затворен минатата година во октомври.

Катанец на портите ги чува новите селски куќи од случајни намерници и ги спречува љубителите на старинскиот дух да прошетаат по камените улици на селото, да вдишат од здивот на Македонија.

Тажно висат обесени македонските знамиња на високите јарболи. На дрвените чардаци никој не може да си почине. Фенерите не светат, а дворовите од животни ги чуваат испреплетени суви гранки. Ни куче не лае по ‘селските’ улици.

Околу селото природата си го зема своето, пишува „Независен“. 

Комплексот се состои од 12 тематски куќи, а секоја претставува по еден град од Македонија – беровска, делчевска, кумановска, реканска, струшка, прилепска, тетовска, кратовска, галичка, битолска, велешка и куќа од Скопска Црна Гора, „околу кои не се вртат ни куиња“ пишува во репортажата на весникот.

SHARE