Пропаст на преговорите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Заев со нов мистериозен предлог

По повеќе од 6 часа активни преговори рано изутрина околу 03 часот пропаднале преговорите за новиот Закон со кој треба да опстане СЈО во нова институција во рамки на Државното обвинителство.

Меѓу двете страни во моментов има длабоки разлики и недоверба, брифира учесник во тешките и мачни преговори во кои премиерот Заев предложил нова идеја за институционално решавање на СЈО за која се уште не се откриваат детали.

Иако на почетокот на преговорите опозицијата новата идеја на Заев ја дочекала со интерес и со потенцијална поддршка, по деталните анализи и разработка на планот на Заев, таа била оценета како недоволна за решение на блокадата на законот за иднината на СЈО од кој зависи дали есенва ќе добиеме датум за преговори со ЕУ.

Извори во двата тима тврдат дека виновна е другата страна.

Од СДСМ ја повторуваат тезата дека Мицкоски бара запирање на сите процеси против функционерите на опозицијата а ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Заев нуди предлози за кои и самиот знае дека се неприфатливи но се обидува да се прикаже како конструктивен пред јавноста и странците.

Според предлогот на Заев договор може да има само ако во решението се вкалкулирани Фатиме Фетаи, Ленче Ристовска, Лиле Стефанова и другите обвинители од СЈО.

За ВМРО-ДПМНЕ предлогот на Заев кој не го откриваат е несериозен и спротивен на неговата најава дадена пред повеќе од 3 години според која јавниот обвинител треба да го предлага опозицијата.

Според партиски извори за СДСМ не е проблем што нема договор затоа што сите предмети на СЈО наскоро ќе ги преземе јавното обвинителство и партијата преку Љубомир Јовески и Вилма Рускоска ќе има целосна политичка контрола на процесите кои ги почна СЈО.

Планот на Заев според обвинители на СЈО кои ќе треба се вратат во матичните основни обвинителства е Јовески преку дискрециони овластувања повторно ним да им ги доделува предметите што ги работеле во СЈО.

Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласи со ниту еден предлог кој на Заев ќе му овозможи негова целосна контрола на гонењето на организиран криминал и висока корупција односно заштита на членовите на СДСМ кои се фатени во криминал и гонење само на членови на опозицијата.

На крајот на средбата не паднало договор за нов состанок во пресрет на рокот за СЈО кој истекува на 15 септември.

Заев го замолил Мицкоски уште еднаш да размисли за неговиот најнов предлог но без конкретен договор за нова комуникација.

“Англиска кралица” и спас за сите криминалци во власта до изборите

Што содржи мистериозниот предлог на Заев за СЈО

SHARE