Рускиот дипломат, кого Македонија одлучи да го протера во врска со инцидентот во Солсбери, утрово ја напушти државата со своето семејство и се врати во Москва, јави дописникот на руската новинска агенција ТАСС од меѓународниот аеродром „Скопје“.

Во зградата на амбасадата семејството на дипломатот го испратија неговите колеги и пријатели со воениот марш „Проштавањето на Славјанка“. Според дописникот на ТАСС, рускиот дипломат пристигна на аеродромот придружуван од претставници на дипломатската мисија предводена од амбасадорот на Русија во Република Македонија, Олег Шчербак.

На 26 март Македонија им се придружи на 24 земји што решија да протераат руски дипломати во знак на солидарност со Велика Британија за случајот со труењето на поранешниот полковник на ГРУ, Сергеј Скрипал, во Солсбери, за кој голем број западни земји ја обвинуваат Русија. Москва ја отфрли својата вмешаност во инцидентот и вети дека ќе одговори на непријателските чекори.

Рускиот амбасадор во Македонија, Щчрбак, ја оцени одлуката на македонските власти како непријателски и неоправдан чекор преземен „под влијание однадвор“ и предизвикувајќи штета на самата држава.

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, пак, како една од причините за протерувањето на рускиот дипломат наведе негови активности спротивни на Виенската конвенција.