Неповратни субвенции од 3.000 до 25.000 евра, поволни кредити, кои ќе помогнат да се преживее овој период без никаков промет, како и продолжување на грејс периодот за враќање на земените средства од шест месеци на една година, побараа туристичките работнии, кои попладнето се собраа на протест пред Владата.

Според нив, засегнати се 5.000 вработени во овој сектор кој е еден од најпогодените поради пандемијаата со КОВИД-19.

„Овде сме да упатиме апел дека не сме малку, дека постоиме и не бараме премногу. Ние бараме од државата како наш партнер да опстоиме“, не да профитираме, беше речено на протестот.

Турстичките работници забележаа дека биле ставени во ист кош со останатите, дека не се одделени од останатите и нагласија дека некој што загубил 30 отсто од профитот е исто третиран како и тие со сто отсто загуба.

SHARE