Со земјоделска механизација и транспаренти започна протестот на земјоделците,  пред крстосницата кај ТЦ „Мавровка“ во Скопје.

Полицијата ги спречи земјоделците да стигнат до Владата, а тие пак истурија дел од продуктите кои ги носдеа со себе под нозете на полицајците пред мостот „Гоце Делчев“.

Минатата недела генерален протест за земјоделците најавија и шест земјоделски здруженија, како што наведуваат поради незадоволството од состојбите во оваа стопанска дејност, како и поради бројни дадени, но нереализирани ветувања.

SHARE