Протест во Белград за најавениот полициски час, интервенира полицијата (ВИДЕО)

Незадоволни граѓани од најавеното враќање на ограничувањето на движењето во Белград поради алармантната состојба со Ковид-19 се собраа пред Парламентот на Србија, а против дел од нив интервенираше полицијата.

Поединци извикуваа пароли на сметка на власта, некои свиреа со свирчиња, а една група демонстранти се судри со полицијата на влезот на собранието, откако успеаја накратко да влезат во холот.

Полицијата интервенира, ги потисна надвор, а употреби и солзавец за да ја растера групата што предизвика безредие и што ги гаѓаше полицајците со шишиња и со тврди предмети.

Полицискиот час во главниот град го најави претседателот Александар Вучиќ, со напомена дека би сакал да важи и на целата територија на Србија, но конечната одлука за тоа ќе ја донесе Кризниот штаб.

Видеото од протестот и од интервенцијата на полицијата на линкот:

https://www.rts.rs/upload/storyBoxFileData/2020/07/07/16830335/protest-070720b.mp4

SHARE