Протести против поскапување на струјата : „Доста е“

Револтирани поради одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата за 7,4 отсто вечерва протести се одржаа во Тетово Гостивар, Куманово, скопски Чаир, Дебар …

Граѓаните не само што бараат повлекување на одлуката, туку и да поевтини.

Во живо во вестите на ТВ21 се вклучи и организаторот на протестот, Аријанит Џафери кој истакна дека бараат да се намали струјата за 20 отсто бидејќи во време на пандемија тоа го направиле неколку други држави ширум Европа.

Бараат независно арбитражно тело кое ќе ја регулира и оценува услугата која граѓаните ја добиваат од енергетските компании.