Припадниците на Националната гарда на САД излегоа на улиците на Минеаполис по судирот меѓу демонстрантите и полицијата поради насилната смрт на невооружениот Афроамериканец Џорџ Флојд за време на полициската интервенција.

Протестите во Минеаполис траат веќе три дена, а медиумите јавуваат дека демонстрантите синоќа ја ја запалиле полициската станица, каде работеле полицајците осомничени за насилна смрт на Флојд.

Немирите се проширија во градовите низ САД, вклучувајќи ги Колумбос, Чикаго, Лос Анџелес, Мемфис, Оукланд и „ујорк, каде се уапсени повеќе луѓе.

SHARE