Се покажа дека кругови во Грција кои говорат „словенски јазик“ се на иста линија со раководството на Скопје, обидувајќи се заеднички да ги искористат предностите на Преспанскиот договор, пред да стигне во грчкиот парламент за ратификација и ова треба да загрижува, предупредува грчка „Прото тема“.

Весникот потсетува дека „словенската“ партија „Виножито“, која се подготвува да учествува на европските избори во мај, на последниот Конгрес побара, меѓу другото, признавање на етничко македонско малцинство и изучување на македонски јазик а органите на партијата со ова почнале по потпишување на преспанскиот договор.

Тоа е  дел и од „провокативните изјави на премиерот на Скопје, Зоран Заев, за  учење на ‘македонски јазик“ од „егејските Македонци’“ пишува „Прото тема“.

„Во тој контекст, познатите словенски кругови во нашата земја се покажаа дека се на иста линија со раководството на Скопје, обидувајќи се заеднички да ги искористат предностите на Преспанскиот договор, пред да стигне до грчкиот парламент за ратификација“.

Во продолжение, весникот пишува дека на конгресот на „Виножито“ во Ксино Неро (Горно Врбени, Леринско)централно прашање било „иднината на македонското движење во Грција“ и ги набројува усвоените барања во резолуцијата:

  1. Признавање на етничкото македонско малцинство.
  2. Воведување на македонски јазик во јавното образование, во областите каде што се зборува.
  3. Веднаш да се дозволи безусловно враќање на македонските политички бегалци, со што дефинитивно и неповратно ќе се затвори хуманитарното прашање кое е и последна отворена рана од Граѓанската војна.
  4. Да продолжи легализацијата на Домот на македонската култура, како што се бара со пресудите на Европскиот суд за човекови права.
  5. Користење на националната и јазична разновидност о прилог на развојот, мирниот соживот и просперитет според стандардите што веќе постојат во Европската унија, а не како извори на континуирана и неприфатлива дискриминација.
SHARE