Протоколот за НАТО на ратификација во бугарскиот парламент

Народното собрание на Бугарија денеска ќе го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.

На пленарната седница, како што е најавено, ќе присуствува претседателот на македонскиот парламент Талат Џафери кој престојува во официјална посета на Бугарија и кој ќе има средби со претседателката на бугарското собрание Цвета Карајанчева како и со вицепремиерката и министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева.

Парламентарната Комисија за одбрана на бугарскиот парламент на минатата недела го одобри протоколот и им препорача на пратениците да го усвојат.

Протоколот прва го ратификуваше Грција, а досега тоа го направија и Словенија и Албанија.

SHARE