Провладин новинар објави дека Пендаровски издавал воени тајни во 2001 година

Новинарот близок на кабинетот на Заев познат како Саше Аналитико открива дека Стево Пендаровски во 2001 година на новинари им открил каде се стационирани членовите на ОНА.
Во текст на својот портал Аналитико вели дека Пендаровски на Снежана Лупевска и рекол да оди во Танушевци каде новинарката беше фатена од ОНА.

“Според приказните кои ги знаеме низ новинарските кулоари, таа му се јавила на Стево поради одредени шпекулации дека има паравојски од Косово во Македонија, и барала локација каде ќе ги сними тие паравојски, на што Стево и рекол да оди во Танушевци.

Потоа откако таму ја заробиле УЧКИТЕ, тој ја извадил од таму со преговори без влакно да и фали. Од тој момент, сите светски медиуми ја барале Лупевска и таа направи бренд од себе но и грдни пари, за само една кратка снимка или извештај тогаш ЦНН и ББЦ плаќаа илјадници долари”, пишува Саше Ивановски кој важи за човек кој ги објавува најцрните информации кои се од интерес на ПР машинеријата на Зоран Заев.

Зошто сега Ивановски практично го обвинува Пендаровски дека издавал воени тајни е нејасно и за извори во владата кои се збунети од нападот врз кандидатот за претседател.

Ивановски беше единствениот присутен кој лани објави информации од затворениот состанок за името во владата на кој беа присутни водечки македонски новинари.

Владата никогаш не го демантираше Ивановски за неговите информации.

Текстот во кој е искажано тврдењето

SHARE

1 Коментар

  1. Психопат и МАНИЈАК Зеав е ТЕЖОК параноик и патолошки лажго со до крај биполарно пореметена личност! ТОЈ ИМА ПОВЕКЕКРАТНА ДВОЈНА И ТРОЈНА ЛИЧНОСТ! НЕМА ЧУВСТВО ЗА ИДЕНТИТЕТ! ТОЈ Е ДИСОЦИЈАТИВНО ПОРЕМЕТЕНА ЛИЧНОСТ СО БИПОЛАРНОСТ! Биполарното растројство е психијатриска состојба дефинирана како повторувачки епизоди на значително нарушување на расположението. Овие нарушувања може да се случат во еден спектрум кој се движи од ослабувачка депресија до незауздана манија. Поединците кои страдаат од биполарно растројство вообичаено искусуваат флуидни состојби на манија, хипоманија или она што се нарекува мешана состојба поврзана со депресивни епизоди. ВО СЕКОЈ МОМЕНТ МЕНУВА МИСЛЕЊЕ И САКА ДА ИЗАЛАЖЕ И КОГА ТОА ТО ПРАВИ МАНИЈАКАЛНО УЖИВА! Така избега и од служење воен рок. Сакаше да биде прогласен за луд.
    Стево ПЕНДАРОВСКИ е тежок психијатриски случај, со манија на следење и тотална параноја! МАНИЈАК! Има илузии дека постојано е следен од странските агенти. НЕМА ПРЕТСТАВА ЗА РЕАЛНОСТ! ИМА ПАТОЛОШКИ СТРАВОВИ! Дијагноза му е параноидни шизофреничар! Народе Македонски биди луд и НЕ гласај за Стево Манијак, патолошки лажго и шизофреник !

Comments are closed.