Провладин ,,Пиарџија” тврди дека ВМРО-ДПМНЕ организирала скандирање ,,Северна” во Крушево

Сопственикот на агенцијата за истражување на јавно мислење Рејтинг Никола Спасов кој често добива државни и локални тендери се вклучи во кампањата на владата за одбрана на скандирањето “Северна, Северна” вчера на Мечкин Камен.

Спасов во коментар на статус на новинарката Јорданка Ивановска со индиректно тврдење дека срамното скандирање го организирало ВМРО-ДПМНЕ.

“А ти као не знаеш дека ако имало викање Северна тоа е намештаљка од членови на ВМРО, така?”, пишува Спасов на оценката на Ивановска дека одбраната на владиниот Пи Ар на скандирањето е огромна политичка грешка.

“Да им се дадат медалји на владините советници за односи со јавност кои го бранат Заев од извиците ,,Северна” во Крушево.
Од вест од 10 часа направија ,,Сага на Форсајтови” со обвинувањата за лажни вести.
Место да ја фрлат топката надвор од терен, земаа ја оставија у игра, облекоа дресови, и така некако дури денеска се заинтересирав за ова, ми влезе во фокус, а вчера ми беше жива досада.

Сега и дебата отворија и тужби навлекоа и ѓулето им падна на нозе.

А, само требаа да ќутат 24 часа – уметнички кажано, да им напикаа крпа во уста и да мируваа.

Браво, дечки.
Најбољи сте.
,,Кикици” нек ви врзат”, пишува новинарката.

Вчера советниците за медиуми во Владата Забрчанец и Сарачини тврдеа дека медиумите лажат за скандирањето Северна во Крушево.

SHARE