Провладините медиуми го бојкотираат Викиликс за „Димитроффгејт“

Провладините медиуми веќе 24 часа молчат за објавата на организацијата Викиликс која вчера објави дека министерот за надворешни работи Никола Димитров бил заштитен американски извор на информации за македонската политика.

Дел од провладините таканаречени „инфлуенсери“ денеска се обидоа на социјалните мрежи да ја спинуваат објавата дека Димитров предавал важни информации на странска држава со лажната вест дека Викиликс и нејзиниот основач Џулијан Асанж се проруска инсталација.

Оваа пропагандна операција на провладините ботови веднаш заврши неуспешно откако беа потсетени дека информациите на Викиликс беа објавувани од некои од најрелевантните и највлијателни западни медиуми и дека кога Викиликс објавуваше информации за ВМРО-ДПМНЕ сегашните провладини пропагандисти немаа проблем со Асанж и неговата организација која беше оценувана за демократска.

Паралелен обид за спинување на скандалот со Димитров, кој се нарекува и „Димитроффгејт“, беше направен со тезата дека веста била стара, објавена уште во септември.

Проблемот со овој обид е што Викиликс вчера за прв пат официјално на оваа тема комуницираше со светската јавност и објави дека Димитров бил заштитен извор.

Инаку и во септември, кога телевизија Алфа ја откри аферата, провладините медиуми координирано ја игнорираа оваа информација.

Во меѓувреме министерот Димитров во обид да прикаже дека не е вознемирен и дека нема политичка штета од објавата на Викиликс се сликаше со холандскиот амбасадор во Скопје а на социјалните мрежи се појави и фотографија со членовите на екипата К-15 од кои еден, Бубо Каров, е советник за комуникации во владата.

Викиликс: Министерот Димитров бил “Заштитен извор” на амбасадата на САД

SHARE

3 Коментари

  1. А бе ништо страшно, ако им успее на предавниците редефинирање на Македонија од следната година сите колективно ќе станеме КОЛЕКТИВЕН КОДОШ на НАТО и САД, хахахаха.
    Сверна КОДОШ Република, а народот КОДОШОВЦИ, хахахаха!

    • Ајде и Ти колега досади на сите! Тргни се од Експрес. И не објавувај ништо!

Comments are closed.