Прв потврден случај на корона вирус во Македонија

Според непотврдени информации, станува збор за жена која пред десетина дена се вратила од Италија, каде била лекувана со антибиотик
На Инфективната клиника во Скопје е регистриран прв случај на заразен од коронавирус во земјава, објавуваат повеќе медиуми кои се повикуваат на министерството за здравство.

Потврда на оваа неофицијална информација се очекува на прес-конференција на премиерот Оливер Спасовски, министерот Венко Филипче и Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, која е закажана за во 16:30 часот.

Според неофицијални информации, станува збор за жена која пред десетина дена се вратила од Италија, каде била лекувана со антибиотик.