Прва средба на наследничката на Меркел со македонски политичари

Кандидатката за претседател на опозицијата Гордана Силјановска и претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски се првите македонски политичари кои остварија средба со наследничката на германската канцеларка Ангела Меркел во партијата ЦДУ и најверојатно иден шеф на германската влада.

За време на посета на политичкото собрание на Европската Народна Партија што се одржува во Брисел на која присуствува и Силјановска таа остварила разговор со лидерката на владејачката германска партија ЦДУ Анегрет Крамп Каренбауер.

Од лидерката на ЦДУ во разговорот и била искажана поддршка за Гордана Силјановска Давкова. Двете соговорнички размениле мислења и за улогата на жените во политиката.

Крамп Каренбауер со целосна поддршка на Силјаноска Давкова за победа на претседателските избори.

„Давам поддршка на жените во политиката и се надевам на нивен успех. Се надевам дека ќе станете првата жена претседател на вашата држава и ќе победите на изборите“, е пораката што Крамп Каранбауер и ја упатила на Силјановска Давкова.

За време на разговорот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ја запознал наследничката на Меркел со актуелната политичка состојба во државата и разговарале за актуелната состојба во рамките на ЕНП.

Каранбауер порачала дека стои на располагање за поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и реализација на стратешките интереси и посакала успех на наредните избори.

SHARE

4 Коментари

  1. Абе идиоти, Каренбауер и` дала „целосна поддршка“ на Силјановска? Тоа што рекла дека дава целосна поддршка на ЖЕНИТЕ во политиката, за вас е целосна поддршка на Силјановска за победа на престојните избори? Е, секоја чест. Навистина сте многу паметни. А што и` одговорила нашата гуска? Дека нема да го признае името на државата кое Германија и целиот свет го призна? Дека договорот со Грција кој Германија и цел свет го поздрави, ќе го „држи отворен“?

  2. Siljanovska bara podrska od germancite koi se protiv postoenjeto na Makedonska srzava, nacija, narod, jazik, kultura,….,…..neka te glasat shvabite so nivnite izmekjari na balkano

Comments are closed.