Прванов: „Скопје не може да гради идентитет на лажна основа“

„Предолго молчевме…Најпрво ни кажаа да молчиме поради референдумот, за да може да помине што е можно поспокојно, во зависност од неговите очекувања. И ние молчевме.

Потоа реагиравме воздржано на неприфатливите говори на премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев“, вели поранешниот бугарски претседател Георги Прванов кој вели дека „Скопје мора да разбере дека не можат да градат идентитет на лажна основа премногу долго.

Георги Парванов претседател во периодот 2002-2012, е автор на предговорот кон документарниот зборник „Илинденско- Преображенското востание 1903 година преку очите на европските дипломати“, објави бугарски „Фокус”.

Според Прванов, целта на грчката дипломатија беше да го убеди Скопје дека Македонците немаат никаква врска со историјата.

„Нашата задача е потешка – да се убедиме дека нашата историја ни е заедничка, базирана на бугарската национална самосвест“, велли Парванов, според кој Бугарија била во предност бидејќи на најзина страна се документите и историските докази.

„Во Скопје тие мора да разберат дека не можат долго време да изградат идентитет на лажна основа. Како што разбраа за грчката историја, се надевам дека ќе го разберат тоа во однос на нашето заедничко минато“, вели Парванов.

Прванов вели дека предолго бугарската страна молчела за да не се погреши нешто во и со Скопје, а објаснувањата во последните години најчесто биле да се внимавало да не се поткопа евроатлантската перспектива на Скопје, пренесува „Фокус“.

SHARE

3 Коментари

  1. Стево: НАРОДОТ Е СТОКА!!! ШО ПОВЕКЕ ГО ТЕПИШ, ПОВЕКЕ ГЛАСА ЗА ТЕБЕ! ПОЛИЦИЈО ТЕПAЈТЕ ГО, КЕ ГЛАСААТ ЗА МЕНЕ!!!

Comments are closed.