Првиот американски Македонец сепак не е сигурен за националниот тим

Новинар на спортскиот канал ESPN открива дека сеуште не е сигурно дали американецот со македонско потекло Дени Мусовски кој е напаѓач на Лос Анџелес Галакси ќе заигра за македонската фудбалска репрезентација.

“Во врска со извештаите дека напаѓачот на #LAFC Дени Мусовски се обврзал да ја претставува Македонија на меѓународни ниво, неговиот агент Мајк Гатлан ми рече дека играчот се уште не донесол одлука за неговата меѓународна иднина. Мусовски може да игра за Македонија преку неговите родители”, пишува новинарот на ESPN Џеф Карлајл.

По информациите дека ќе заигра за Македонија за Мусовски дел од американските аналитичари почнаа да зборуваат како кандидат и за американскиот национален тим.

Што објави предходно селекторот на репрезентацијата Ангеловски:

Мусовски од американската МЛС-лига прифати да игра за Македонија

SHARE