Прво влада, па „датум“ за старт на школската година

Стартот на учебната година ќе биде пролонгиран поради неопходноста да се направат законски измени за наставниот процес.

„Се додека не се формира Владата, нема да стартува ниту новата учебна година“, велат од Комисијата за заразни болести за Фактор.

„Се додека не се формира Влада и функционално Собрание не може да стартува учебната година со одредените измени кои ги препорачуваме и ние, како Комисија за заразни болести и Министерството за образование.

За да се скратат часовите, малиот одмор, големиот одмор, мора да се направат законски измени, а за да биде така мора да имаме Влада и секако Собрание. Дури да се донесе и препорака наставата да биде онлајн е потребно законски тоа да се регулира.

Сите имени што ги правевме во март, април мај, сето тоа го правеше техничката Влада, но сега ситуацијата е поинаква. Ќе има одложување на стартот на новата учебна година се додека во земјава не се формираат највисоките државни органи“, вели извор на Фактор.

SHARE