Фирмата Пуцко Петрол од Пласница, сопственост на Асмир Јахоски, син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски само во текот на минатиоит месец добила десет тендери кои „тежат“ над половина милион евра.

Фирмата со нафтени деривати ќе ги снабдува општината Прилеп, Здравствениот дом во Штип, судот во Кичево, Универзитетската клиника, општината Чучер Сандево, училиштето Коле Неделковски во Велес, општината Чаир,  Пробиштип, Државните електрани  и МВР, дознава Алсат М.

На прашањето на Алсат до Антикорупциска дали има судир на интерес и политичко влијание затоа што фирма во сопственост на син на пратеник, добива толку државни тендери, претседателката Билјана Ивановска вели дека е важно на тендерот да се пријавиле повеќе фирми.

Од Антикорупциска ги провериле договорите од септември…

Повеќе

SHARE