Ако Вашингтон инсталира ракети во Европа, Русија ќе мора да распореди проектили насочени кон „центрите за донесување на одлуки”, рече рускиот претседател Владимир Путин.

Путин, во своето годишно обраќање пред Парламентот, рече дека неговата земја нема да бара конфронтација и нема да го направи првиот чекор во распоредувањето проектили по прекинувањето на Договорот за проектили со среден дострел (INF).

Сепак, тој рече дека Русија ќе одговори на секое распоредување на нови проектили со среден дострел во Европа.

„Јасно и отворено велам дека Русија ќе биде принудена да користи оружје … против центрите за донесување одлуки за ракетните системи кои ни се закануваат”, истакна Путин.

SHARE