Путин: Бугарија го забавува гасоводот „Tурски тек“


Бугарија го успорува реализацијата на „Турски тек“ на нејзината територија, изјавил рускиот претседател Владимир Путин.

„Русија ќе најде други опции за реализирање на ‘Турски тек’ ако Бугарија не сака“, изјавил Путин.

Од бугарското Министерство за енергетика изјавиле „Немаме коментар!“ на заканата од Путин, пренесува БГНЕС:

Но, бугарскиот експерт за енергетика, проф. Атанас Тасев, вели дека „рускиот претседател е слабо информиран од неговите советници во врска со проектот Турски тек“. Според Тасев Бугарија ги почитува роковите и во просек се градат по 4-5 километри на ден , што за 100 дена е околу 400 км. Крајниот рок за завршување на гасоводот до бугарско-српската граница е јуни.

Изградбата на гасоводот „Турски тек“ преку Србија ќе биде завршена во наредните недели, рече рускиот претседател.
Проектот „Турски тек“ апочна кон крајот на 2014 година, откако Јужен тек, беше запрен затоа што не ги исполнува европските барања содржани во Третиот енергетски пакет.
Првиот крак кој од „Турски тек“кој поминува под Црното Море, ќе ја снабдува Турција со руското „сино гориво“.
Преку вториот крак ќе се снабдуваат земјите од Балканот и од Централна Европа.

SHARE