Путин го кани Трамп на средба во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека сака американскиот колега Доналд Трамп да биде негов гостин во Москва – идеја која Белата куќа ја поздрави, и покрај критиките околу самитот во Хелсинки, пренесува Ројтерс.

Поканата Путин ја упати од Јоханесбург, за време на престојот во Јужна Африка каде учествува на  економска конференција на БРИКС.

Белата куќа соопшти дека Трамп е ентузијаст во врска со идејата за уште еден состанок на високо ниво. Шефот на државата вели дека сака да ги подобри односите меѓу двете нуклеарни сили чии односи се влошија на најкритично ниво по Студената војна.

„Претседателот Трамп очекува да го пречека претседателот Путин во Вашингтон, а тој е отворен и да ја посети Москва,доколку добие официјална покана“, изјави портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс.

Путин рече дека е @подготвен да оди во Вашингтон ако се создадат соодветни услови за работа“, јави Ен-Би-Си њус.

SHARE

Оставете коментар