Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека испораките на руски гас преку гасоводот „Турски тек“ за потребите Турција ќе започнат до крајот на оваа година.
„ До крајот на годината рускиот гас ќе стигне до турските потрошувачи. И по проширувањето на капацитетот на „Турски тек“ со изградбата на вториот крак од гасоводот, испораките кон Европа исто така ќе започнат да транзитираат низ Турција“, рече Путин на заедничката прес-конференција со претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Путин истакна дека Русија и Турција тесно соработуваат во областа на енергетиката. Тој потсети дека „Росатом“ ја изградил првата нуклеарна централа во земјата – чиј прв блок треба да биде пуштен во употреба во 2023 година, кога Турција ќе слави 100 години од своето основање.
Проектот за гасоводот „Турски тек“ предвидува изградба на две цевки секоја од нив со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри. Нивната конструкција по дното на Црното Море од руското до турското крајбрежје се одвива паралелно и со брзо темпо, а поголемиот дел е веќе изграден.
Се очекува, вториот крак од гасоводот што ќе ги снабдува со ас емјите од ЕУ да поминува низ Бугарија и преку Србија и Унгарија. Ова го потврди на крајот на јули и рускиот министер за енергија Александар Новак. ( БГНЕС)

Изградбата на „Турски тек“ започна откако беше блокиран проектот „Јужен тек“ чиј потписник беше и Македонија.

SHARE