Путин ќе им дава државјанства на Русите од Украина

Жителите на сепаратистичките региони на источна Украина Луганск и Доњецк полесно ќе добиваат руско државјанство врз основа на декрет потпишан денеска од рускиот претседател Владимир Путин, само неколку дена по изборот на новиот украински претседател Володимир Зеленски, јавува АФП.

Поедноставената постапка ќе им овозможи на жителите на украинските региони Донецк и Луганск да добијат руски пасош. Регулативата се однесува само на некои делови од овие два украински региони, а руските власти ќе треба да ги испитаат поднесените пријави во рок од три месеци.

Целта на „хуманитарна мерка е заштита на правата и слободите на лицата и граѓаните според општоприфатените принципи на норми и меѓународно право“, се вели во текстот на регулативата.

Новоизбраниот украински претседател Володимир Зеленски повика за нови меѓународни санкции против Русија, откако Москва одлучи да ја олесни процедурата за добивање руско државјанство за жителите на украинските региони Доњецк и Луганск.

„Киев бара зајакнување на санкциите и дипломатскиот притисок против Руската Федерација“, соопшти прес службата на Зеленски.

SHARE

4 Коментари

  1. Kaj da zeam I ja pasosh. Chovecive nee me sakaat, mnogu zelen sum bil… Pa sum oti sum vonzemjanin…

  2. Ako ovaj Zelen-daco ne go glasale rusite vo Ukraina ne moze da se smeta za niven izbranik a najmalku pretsedatel pa i komedijant da e.

  3. ЌЕ ПОБЕДИМЕ! БОРБАТА ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ФАЗИ:
    1. Неуспешен референдум,
    2. Итно поништување на договорот,
    3. Делегитимирање на предавничката власт,
    4. Предвремени избори,
    5. Офанзива во ООН за враќање на изгубеното,
    6. Одговорност за сите учесници во сценариото,
    7. Севкупен рестарт на државата!
    ЌЕ ПОБЕДИМЕ!

Comments are closed.