Путин: Нема ослободување на украинските морнари

Рускиот претседател Владимир Путин во саботата изјави дека немало разговори со Украина за евентуалното ослободување на украинските морнари кои беа заробени со нивните бродови, објави Ројтерс.

Путин разговараше со новинарите на маргините од самитот на Г-20 во Буенос Аирес. Русија се противи на меѓународни повици за ослободување на трите украински бродови.

Москва обвини 24 морнари за нелегално преминување на руската граница.

Владимир Путин рече дека нема да воведе ограничувања за влезот на Украинците во Русија откако Киев воведе забрана за влез на руски мажи на возраст од 16 до 60 години во Украина.