Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека Русија ја регистрирала првата вакцина против коронавирусот.

„Утрово за прв пат во светот е регистрирана вакцина против вирусот корона“, рече Путин на средбата со членовите на владата, јавуваат руските агенции.

Путин изрази надеж дека навреме ќе се појават повеќе вакцини против коронавирусот.

SHARE