Путин: Русите имаат мајка и татко, а не „родител 1 и родител 2“

“Додека сум јас на чело на државата, кај нас нема да има “родител бр. 1 и родител бр. 2″ – ќе бидат мама и тато”, порачал рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со работната група која подготвува уставни измени, пренесува “РТ”.

Имено, некои од учесниците на состанокот изнеле сомнеж дека еден ден и во Русија, како што е случајот со многу западни држави, би можело да бидат воведени термините „родител 1 и родител 2”.

SHARE