На 70-годишна возраст денеска во Скопје почина македонскиот актер Гоце Влахов.
Влахов глумел во многу претстави, емисии на МТВ, а најпрепознатлив е по улогите во Македонски народни приказни.
Има глумено и во серијалот за македонските револуционери „Тврдокорни“ од 1988 година.
Беше дел од актерската екипа на филмот на Милчо Манчевски – „Сенки“ во 2007-та година.