Работниците во Македонија остваруваат повеќе работни часови во текот на една седмица отколку тие во Европска унија, покажуваат податоците на Евростат за 2017 година.

Според нив, работната седмица во Македонија трае 42,3 часа и таа е четвртата најдолга во Европа по Турција со 49,1 часа, Исланд со 44 и Црна Гора со 43,6.

Во ЕУ просекот е 40,2 часа, а лидер во овој поглед е Велика Британија со 42,1 работни часа неделно, пред Кипар со 41,6, Австрија со 41,3, Грција и Португалија со по 41. Најкуса работна недела од 37,8 часа има во Данска.

Во Словенија неделно се работи по 40,9 часа, а во Хрватска 40,4.

Европскиот просек, вклучувајќи ги и нечленките на ЕУ, е 41 час за мажите и 39,3 за жените.

SHARE

1 Коментар

  1. Тоа се официјални податоци. А не официјално работната недела е и до 60 часови. Се им е малку на нашиве “бизнисмени”.

Оставете Коментар