„Мораме да бидеме искрени и јасно да ја поставиме нашата црвена линија“ нагласил бугарскиот претседател Румен Радев на денешната средба со бугарските амбасадори..

Радев вели дека „ југозападниот сосед“ се залага за ЕУ ​​и затоа мора да ги спроведе добрососедските договори.

Но, имало многу работа околу учебниците, книгите, медиумите, издавачките куќи, телевизиите, додека сето ова што ги оддалечува двете земји не се прочисти, истакнал Радев.

Според бугарскиот претседател, Македонија ја користи Бугарија само за членство во ЕУ и во НАТО.

Тој  повика Бугарија да и постави стави ултиматум на Македонија – ако тие не се помират со прашањата од заедничката историја, Бугарија да не ја поддржува Македонија за ЕУ, пренесуваат угарски медиуми.

Според него, односите со северна Македонија се развиваат добро, конфронтацијата е надмината, а во септември најверојатно македонскиот претседател Стево Пендаровски ќе ја посети Бугарија..

SHARE