Претседателот Румен Радев објави дека парламентарни избори во Бугарија ќе се одржат на 4 април.
„Го потпишав указот за одржување на изборите на 4 април, една недела по првиот можен датум на избори.
Во време кога институциите губат доверба и пропаѓаат како тротоарите, изборите добиваат клучно значење. Иако одамна е познато дека овие избори ќе се одржат во пандемија, ниту една институција не презеде ништо“, изјави бугарскиот претседател, пренесува БГНЕС.