Бугарскиот претседател ја откажал официјалната посета на Естонија, откако естонската претседателка, Керсти Калулаид, објави дека Румен Радев бил во контакт со заразен коронавирус.
Во нејзиниот официјален профил на Фејсбук, таа објави дека ова се случило пред неговото пристигнување во Талин во понеделникот, каде што тој учествувал на самит по иницијативата „Три мориња“.

Според соопштението на естонската претседателка, откако се дозна за неговиот контакт, Радев синоќа не присуствувал на заедничката вечера на претставниците на Иницијативата, пренесе Дневник.бг.

SHARE