Интеграцијата на земјите од Западен Балкан нема да биде лесна, оценил албанскиот премиер Еди Рама, на средба со новинарите пред синоќешната неформална средба меѓу лидерите на ЕУ и Западен Балкан во Брисел, каде требаше да се разговара за новата методологија изготвена од Европската комисија…

„Секој слета со некои потешкотии денес во Брисел, па затоа тоа е еден вид сигнал дека слетувањето за нас нема да биде лесно“, рекол на шега Рама, пренесуваат албански медиуми.

Тој изрази надеж дека новата методологија ќе ја реши загриженоста на некои земји-членки на ЕУ околу напредокот на Западен Балкан во разговорите за пристап во ЕУ.

„Ние сме многу заинтересирани да ја видиме и да разговараме за новата методологија која се надевам дека ќе биде платформа за заедничко разбирање во рамките на земјите членки“, оценил Рама.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција може да гласа за започнување на разговорите на ЕУ со Албанија и Македонија ако извештајот на ЕК во март е позитивен и „се воспостави доверба“.

SHARE