Рама ќе го тужи Харадинај за клевета


Албанскиот премиер Еди Рама најави дека ќе го тужи косовскиот премиер во заминување Рамуш Харадинај за клевета, јавуваат косовските медиуми.
Харадинај како пренесуваат медиуми изјавиле дека Рама „заедно со Вучиќ и Тачи ќе поделат десет милијарди евра од поделбата на Косово“.

„Г-дин (Рамуш Харадинај) ќе мора да дојде пред косовскиот суд и да ги докаже обвиненијата за  10-те милијарди што јас, претседателот Тачи и претседателот на Србија Вучиќ би ги поделиле“, изјавил Рама.

Според Рама, ова не е првпат Харадинај да „лаже“ за него, пишува Б92.


SHARE