Албанскиот премиер Еди Рама го откажа патувањето за Њујорк во ООН и вечерва се враќа од Франкфурт поради создадената ситуација по силниот земјотрес што ја погоди попладнево Албанија.

Институтот за енергетика, вода и животна средина, соопшти дека интензитетот на земјотресот бил 5,8 степени, а со 7,5 јачина, со епицентар 30 километри од Драч, покрај островот Родон.

Медиумте јавуваат за четриесеттна повредени и многу оштетени згради.

На граѓаните, особено на оние од Драч, им се препорачува да не влегувааат во домовите во очекување на можни други потреси.