Рама се разбрал со Пендаровски

По изјавата Стево Пендаровски дека укинување на границата меѓу Албанија и Косово може да предизвика тензии во регионот, што предивикаа реалкции на официјална Тирана, денеска премиерот Еди Рама на митинг во Пустец соопшти дека се разбрале на македонскиот претседател.

Тој потсетии дека „изненадувачки е претседателот Пендаровски да фаворизира раздвојувањо од Албанија во преговорите , со оглед на клучниот придонес на Албанија и Албанците за демократските случувања и за европскиот пат на пријателската држава. Тоа, фактички не изгледа ниту праведно, ниту практично, напиша Рама во реакција на фејбук

И партиите на Албанците во Македонија по изјавите на Пендаровски побараа „позрели“ изјави од македонскиот претседател.

Но, Рама рече дека на Пендаровски му посочил дека „проблемите во Албанија не треба да бидат пречка за Македонија. Претседателот ми напиша и се разјаснивме, но вистината е дека има сериозна разлика, која е за жалење за нас“ рече Рама и објасни дека Пендаровски е вклучен во напорите на  својот народ, за да ги убедат земјите-членки дека треба да започнат преговорите“.

Премиерот Рама соопштил дека во врска со ова, рече дека телефонски комуницирал и со премиерот Зоран Заев:

„Кога му реков дека ќе бидам во Пустец, ме замоли да ви прочитам порака во која Заев вели дека Македонија и Албанија се два блиски партнери.

„Ние работиме заедно за доброто на нашите граѓани. Наскоро ќе бидеме сојузници во НАТО и нашата заедничка иднина е во Европската унија. Северна Македонија и Албанија се земји на луѓе многу блиски еден со друг. Живееме заедно рамо до рамо, се почитуваме меѓусебно и ги почитуваме нашите разлики и ја зголемуваме нашата благосостојба затоа што стоиме рамо до рамо, во добро и зло“ му порачал Заев на Рама.

SHARE