Рамчиловиќ ја напушти независната група на ВМРО-ДПМНЕ


Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ ја напушти независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и веќе дејствува како независен пратеник.

За својата одлука пратеникот го известил претседателот на Собранието, Талат Џафери а тоа го потврдил и за „Фокус“.

Рамчиловиќ доаѓа од партијата Здружение за културно обединување на Бошњаците, а потоа стана дел од осумте пратеници, од кои повеќето се отцепија од ВМРО-ДПМНЕ.

SHARE