Собраниската Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања денеска напладне ќе ја продолжи расправата за одземање на имунитетот.

Расправата по барањето за одземање на имунитетот на на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, продолжува денеска.

Барањето го поденесе Одделението за организиран криминал и корупција при скопскиот Кривичен суд поради сомнение за негова вмешаност во настаните од 27 април.

Вчера пратениците од власта и опозицијата имаа спротивни мислења за тоа дали е оправдано да се донесе одлука на поранешниот претседател на Собранието да му се одземе имунитетот, а поради големиот број пријавени за дискусија, седницата на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања продолжува денеска.

Досега по барање на судот, Собранието донесе одлуки за одземање на имунитетот на пратениците Никола Груевски, Љупчо Димовски, Крсто Муковски, Јохан Трачуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски.

SHARE