Расте бројот на корисници на „Телеком“ и во време на пандемија

Приходите од продажба на Македонски Телеком во првите шест месеци од 2020 година, во споредба со претходната година, се зголемени за 0,7 отсто и изнесуваат 5.177 милиони денари.

Расте бројот на корисниците во првите шест месеци од 2020 година. Како резултат на континуираната посветеност за поврзување на корисниците и обезбедување квалитетни услуги и во услови на пандемија, зголемена е базата на корисници со пристап до широкопојасен интернет за 4,8 отсто, при што вкупниот број изнесува 207 илјади. Македонски Телеком и понатаму останува на позицијата лидер во ТВ сегментот на пазарот, нудејќи ексклузивни содржини и уникатно ТВ искуство. Со растот на бројот на корисници за 4,7 отсто (вклучувајќи ги Magenta 1, Internet&ТV и други ТВ услуги), во првите шест месеци од 2020 година МКТ ја зацврстува својата позиција со база од над 138 илјади претплатници.

Главен приоритет на Македонски Телеком со појавата на ковид-19 пандемијата беше да обезбеди непречено поврзување на корисниците преку квалитетна и стабилна мрежа во услови на огромна побарувачка за интернет, соопштуваат од компанијата.

Повеќе

SHARE