Расте бројот на жрттвите од корона – 9 починати во 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа починаа 9 лица од последици на коронавирус:

На Клиниката за Инфективни болести починаа две лица, пациент од Тетово (62), хоспитализиран еден ден на клиниката и пациент од Скопје (62), хоспитализиран пред три дена.

Во ГОБ „8-ми Септември“ починаа пациент од Скопје (69г) примен на 13 јуни, пациентка од Скопје (73) примена на 2 јуни и пациентка од Велес (70) хоспитализирана на 2 јуни.

Во болницата во Прилеп почина пациентка на 81 година, хоспитализирана на 11 јуни.

Во болницата во Тетово почина пациент (59).

Во болницата во Охрид почина пациент од Струга (69)

Во болницата во Гостивар на пациентка (58г) која починала на 11 јуни, а позитивниот резултат на ковид е докажан посмртно.

Во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на ковид-19.

Недосигаат бројки од „Жан Митрев“ болницата.