Амбасадорот на Руската федерација во Атина вели дека за Москва нема никаква разлика какво  име ќе договорат Атина и Скопје.  

„Ратификацијата на Преспанскиот договор нема да влијае врз нашите односи со Грција“, појасни амбасадорот Андреј Маслов на денешната прес конференција.

Амбасадорот јаоцени неодамнешната посета на премиерот Ципрас на Москва и средбата со руискиот претседател Владимир Путин, за „многу успешна“, пренесува In.gr.

Oдносите меѓу двете земји се нормализираат по инцидентот со протерувањето на дваjцатаруски дипломати од Грција, оцени тој.

„Свртивме нова страница во нашите билатерални односи“, рече Маслов и додаде дека во согласност со долгорочните интереси на двете земји „гледаме напред со оптимизам“.

SHARE