Ратификацијата на Протоколот за НАТО нема да ги одложи изборите


Премиерот Зоран Заев денеска ја отфрли можноста да се одложат изборите поради престојната ратификација на Протоколот за членство во НАТО во македонското Собрание.

Откако ќе биде ратификуван од сите земји-членки, Протоколот треба да дојде во нашето Собранието, каде пратениците исто така ќе пристапат кон негово ратификување со што ќе се официјализира членството во Северноатлантската алијанса.

„Очекуваме и нашиот Парламент да спроведе ратификација и со тоа да станеме полноправна членка на НАТО. Треба да се земе предвид дека во Шпанија на 10 ноември се одржуваат избори, така што ни остануваат цел декември, јануари, па и февруари да се заврши процедурата, рече Заев и додаде дека се чека во Шпанија да заврши изборниот процес и формирањето на владата, по што и таму ќе се пристапи кон ратфикацијата.

Уште три ратификации ја делат Северна Македонија од полноправно членство во НАТО:  Франција, Холандија, и Шпанија. 

SHARE