Ратификуван Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Собранието денеска едногласно го ратификуваше протоколот за членство во НАТО пред да се распушти во наредните денови.

За ратификацијата гласаа 114 пратеници и со тоа заврши македонскиот пат за членството во Алијансата, а сега уште Шпанија треба да го ратификува протоколот и Македонија целосно да ја заврши целата процедура.

,,Пред 27 години првиот парламентарен состав донесе стратешка одлука за членство во НАТО. Се менуваа составите на парламентите, влади, поминавме низ воен конфликт, економски кризи, но нашите стратешки приоритети за членство во ЕУ и НАТО останаа нашиот главен приоритет. Членството во најмоќниот сојуз е привилегија, но и огромна обврска. Сега кога и кога формално ќе станеме 30-та членка ќе бидат и обврските поголеми, на внатрешен план да продолжиме на подобрување на животниот стандард на граѓаните“ – рече во своето обраѓање Стево Пендаровски.

За техничкиот премиер Оливер Спасовски, без храбрите договори со Грција и Бугарија (за што особено го пофали Зоран Заев) не ќе можеше да стигнеме до овој момент.

Збор земаа и координатори на пратенички групи, партиски претставници (меѓу кои и Али Ахмети), а последен се обрати претседателот на Собранието, Талат Џафери.

SHARE