Владата вчера го разреши Џеват Исени од функцијата извршен член на Одборот директори на акционерското друштво за стопанисување со деловен простор (АДСДП).

Со тоа автоматски му престана и функцијата Претседател на Одборот на директори на АДСДП, 

Не се соопштени причините за разрешувањето, но се шпекулира дека повод можеби било видеото објавени на социјалните мрежи на кое се гледа како Исени игра на свадбена веселба со пиштол на појас.

Исени се огласи на неговиот Фејсбук профил со благодарност до премиерот Зоран Заев за довербата која што му ја дал во изминатиот период.  

За пиштолот, Исени претходно тврдеше дека бил сигнален.

SHARE