Разузнавач бара од Героски да не објавува “жолт печат”

Зоран Петров кој е екс заменик министер за надворешни работи од Демократскиот Сојуз во времето на Груевски а сега вработен во Агенцијата за разузнавање под ингеренции на претседателот Пендаровски, со јавна порака до новинарот Бранко Героски.

Откако Героски најави нова приказна за рекет серијата во која главни јунаци се газда и уредник на една телевизија и високи функционери на една партија Петров со порака која нема заканувачки карактер но е крајно невообичаена за вработен во Агенција за разузнавање.

“Бранко Героски, води сметка за авторитетот. Ова што го пишуваш е жолт печат, не е истражувачко новинарство. Не биди Sun, биди Financial Times, без оглед што првиот има 10 пати поголем тираж од вториот. Вака како тебе пишува Sun”, пишува Петров откако Героски за вечерва најави нова рекет приказна.

“Зоран Петров, рекетарскиот скандал за кој пишувам треба да го истражат органите на прогонот. Не сум наивен, знам со кого си имам работа и пишувам на единствениот можен начин кој ме заштитува од опасноста да изнесувам обвинувачки наводи без докази. Кој може и умее поинаку, нека повели. Јас толку можам – да раскажувам приказни”, му одговара Героски на разузнавачот.

Петров реакцијата ја упати откако Героски го најави четвртиот дел од серијата за рекетарскиот скандал.

Героски: Власта во паника од приказните за Коки, Кики, Фрики …