Развод тежок 66 милијарди долари

Основачот и извршен директор на „Амазон“ Џеф Безос, на социјалните мрежи објави дека одлучиле да се разведат со неговата сопруга Мекензи.

Брачниот пар кој има 4 деца се разведуваат по 25 години брак, а причина е наводното „неверство“ на Џеф.

Но, она што ги заинтересира медиумите е тежината на разводот: 54-годишниот Безос е најбогат човек на светот со богатство од околу 137 милијарди.

Веднаш почнаа и шпекулации колкава сума ќе добие сопругата Мекензи(48).

 Според американското законодавство, имотот и средства стекнати за време на бракот, може да се подела подеднакво помеѓу двете страни.

Со оглед на тоа дека компанијата „Амазон“ е основана во 1994 година – една година по свадбата на Џеф и Мекензи, тоа значи дека сопругата теоретски има право на половина – односно 66 ммилијарди долари.

Доколку се случи тоа Мекензи Безос ќе стане една од најбогатите жени во светот.

SHARE

Оставете Коментар