Грчката опозициска Неа демократија реагираше на коментарите на албанскиот премиер Еди Рама, дека Атина и Тирана разговараатза потенцијални промени на границата, јавува грчки „Катимерини“.

Јоргос Кумуцакос, „министер за надворешни во сенка“ на Неа Демократија, рече дека  забелешките на Рама, направени за време на интервјуто со телевизијата Vision plus, предизвикуваат сериозни прашања во врска со стабилноста и безбедноста на регионот.

Рама, наводно, таква изјава дал во контекст на преговорите меѓу Србија и Косово и размената на територии како начин за ставање крај на долготрајниот спор помеѓу двете земји.

Во петокот, Кумуцакос побара од грчката влада да разјасни дали е вклучена во разговори со албанските официјални претставници за „прецртување“ на границите меѓу двете земји.

Тој, исто така, ја повика владата да заземе став во врска со коментарите на Рама во врска со промените на границите во поширокиот регион.

SHARE