Реакција: Не гласате за ЕУ и албански јазик туку за криминалот на групи околу Заев, Мијалков и ДУИ

Активисти на албански политички партии реагираат на текстот во кој е објавено дека претставници на БЕСА и Алијанса на Албанците најавуваат дека ќе гласаат за Законот за Јавно обвинителство.

Не сакаат да го откријат својот идентитет поради страв од реваншизам но сакаат да им одговорат на партиите на Села и Касами дека со гласањето за законот за јавно обвинителство гласаат за криминалот на фамилијата Заеви, на дел од старото раководство на ВМРО-ДПМНЕ и на криминални структури во ДУИ кои се спасуваат со овој закон.

Целата реакција:

“На Албанците повеќе никој не може да им го одземе правото да го користат албанскиот јазик во правосудството и обвинителството ниту да бидат бутнати на страна кога ќе се бира јавен обвинител. Но на БЕСА и Алијанса секој па дури и најверните членови ќе може да им замери дека гласале за амнестија на криминал иако јавно дадоа беса дека нема да го направат тоа. Лага е дека ќе гласаат за влез во ЕУ затоа што како што кажа господинот Макрон таму ќе влеземе за 15 години. До тогаш тие што сега ќе ги амнестираат албанските политички елити ќе го одредуваат правецот на движење на земјата. Интересовните групи околу Заев, структурите од ВМРО на Груевски кои сега се околу Мијалков и корумпирани криминалци од ДУИ кои се најтангирани од законот ќе бидат амнестирани за сите милиони што ги украдоа баш со гласовите на партиите на Зијадин Села и Билал Касами. Одговорноста ќе биде ваша ако сега дадете глас за тие што ќе продолжат да ја уништуваат земјата во која ќе царува криминалот”.

Реакцијата е испратена од група партиски активисти од различни партии и непартиски граѓански активисти од Скопје кои на последната претседателска кампања помагале за победа на претседателскиот кандидат Блерим Река.

Реакцијата се однесува на текстот во кој се најавува дека Алијанса на Албанците и БЕСА денеска ќе гласаат за Законот за Јавно обвинителство.

Добивме и повеќе од што очекувавме: Алијанса и Беса ќе гласаат за ЗЈО

SHARE